Ако нема цензус од 40% излезеност, веднаш нови Избори, вели Деркоски

271

Ако нема излезност во вториот круг од 40 проценти, не е исполнет условот за успешни избори. Во тој случај веднаш се распишуваат нови избори, односно претседателот на Собранието треба да распише нови избори.

На тие избори може да учествуваат и кандидатите кои сега учествувале доколку бидат поддржани од своите поддржувачи како што е сега случајот од група на избирачи или од најмалку 30 пратеници или можат да бидат други кандидати.

Значи нема ограничувачки фактор во таа смисла, меѓутоа треба веднаш да се распишат и одржат изборите, вели претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Тој вели дека Државната изборна комисија во изминатиот период ги презела сите организациски мерки потребни за организација и спроведување на овие претседателските избори.

Loading...