Видео: Бугарски боксер ја бакна водителката, но бакнежот ќе го чини скапо, таа најави тужба

1085

Најпрво на Твитер ја правдал својата постапка, но потоа сфатил дека е многу поголем проблем кога дознал дека новинарката поднела тужба против него. Бугарскиот боксер Кубрат Пулев неодамна се прославил со бакнежот пред камерите со кој ја изненадил новинарката Џени Суши. Најпрво тоа на некои им изгледало симпатично, но само на некои, бидејќи веднаш почнале да доаѓаат осуди на сметка на Пулев. “Можевте да видите на снимката како ја бакнувам водителката откако победив во саботата навечер. Џени е моја пријателка, а јас бев многу возбуден поради победата и ја бакнав. Таа вечер таа ми се приклучи на мене и моите пријатели на прославата по победата”, рекол за “Vegas Sports Daily” Пулев Меѓутоа, ако ја прашувате Џени, тие двајца и не се баш некои пријатели, бидејќи, како што јавува “TMZ”, таа поради тоа го тужела. Дека ситуацијата за боксерот е многу сериозна сведочи и веста дека новинарката на суд ќе ја застапува најпознатата адвокатка која се занимава со правата на жените во САД, Глорија Алдред. Погледнете го тој момент во видеото:

Loading...