ВИДЕО: Ова е руска мега-подморница, најголема е на светот, погледнете ја како изгледа на мисија

818

Гигантската руска подморница „Белгород“ која има неверојатна должина од дури 184 метри би требало да биде преместена од тајното бродоградилиште по завршувањето на изградбата.

„Белгород“ има депласман од 14,700 тони и двојно е поголема од на пример стандардните подморници на британската кралска морнарица. Оваа подморница е вооружена со нуклеарни торпеда на наведување со кои управува вештачка интелигенција.

Рускиот претседател Владмир Путин се пофали дека овие беспилотни „Посејдон“ торпеда можат целосно да уништат мети на оддалеченост од дури 9 илјади километри, а посебно се дизајнирани да можат да им се спротистават на морнаричките сили на главниот противник на Русија – НАТО Алијансата.

„Белгород“ е изграден на тајно бродоградилиште во градот Северодвинск кој се наоѓа на североистокот на Русија, а на сите странци пристапот до бродоградилиштето им е забранет, пренесува британски “The Sun”.

Подморницата е опремена со „подводно пристаниште“ што ѝ овозможува да испрати помала подморница, но и беспилотни дронови. Наводно една ваква подморница би можела да ги саботира комуникациските кабли и нафтената инфраструктура во Северното море.

Во јануари „Фокс Њуз“ извести дека поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Кристијан Витон признал дека постои „реална загриженост“ поради планот за изградба на оваа подморница. Прототипот на подморницата бил наречен „машина за Судниот ден“, а оваа подморница пробното „возење“ го имала за Божиќ, пренесува „ТАСС“.

Loading...