Заев од Плетвар: Ќе го намалиме ДДВ-то за гасот од 18% на 5%, Северна Македонија се гасифицира со брзо темпо

186

Северна Македонија се гасифицира со брзо темпо. Гасификацијата е една од највредните капитални инвестиции од која очекуваме значајни придобивки за компаниите, за општините, како и за граѓаните, во насока на намалување на трошоците за енергија и намалени емисии на штетни гасови во воздухот. Од тие причини донесовме одлука да го намалиме ДДВ-то за гасот од 18 на 5%. Веќе ги анализираме можностите за субвенции или евтини кредити за приспособување на внатрешните инсталации и опрема за пристап и избор до поевтин еколошки енергенс. – Напиша Заев на својата фејсбук страница.

Loading...