Како изгледаат новите монети на Кенија, животни наместо лидери, има жирафа, нилски коњ, лав и слон

328

Централната банка на Кенија ги претстави новите монети од еден, пет, десет и дваесет шилинзи кои од една страна ќе ги краси жирафа, нилски коњ, лав, и слон, а од другата страна грбот на Кенија. Претходните монети беа отпечатени со фотографии од тројцата поранешни претседатели на Кенија – Џомо Кенијата, Данијел арап Мои и Мвај Кибаки, меѓутоа многу Кенијци во овој потег видоа обид за промовирање на лидерите и нивна глорификација. Претседателот на Кенија, Ухуру Кенијата вели дека новите монети се голема промена и дека докажуваат дека народот таму помина голем пат. Монетите ја одржуваат различната култура и природната средина на Кенија, додека истовремено покажуваат аспекти кои најдобро ја опишуваат источно-африканската нација.

Loading...