Од Владата кажаа зошто не се интонираа химните при пречекот на Ципрас

418

Она што беше забележано како голем пропуст при денешниот пречек на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, пред Владата е тоа што не беа интонирани химните на двете држави.

Тоа е вообичаена пракса при секоја официјална посета на висок функционер, а освен тоа се даваат и највисоки воени почести, што не беше случај овој пат.

Од Владата велат дека речиси сите протоколарни свечености биле изоставени затоа што доцнел авионот на Ципрас.

„Поради доцнењето при слетувањето на авионот беа изоставени протоколарните свечени активности при дочекот, со цел да се добие време за исполнување на работната агенда“, одговорија оттаму за „Фокус“.

Loading...