Од скршени стакла, ретровизори, гребаници до избушени гуми, Македонците ќе го паметат овој празник во Грција

1159

Многу Македонци за продолжениот велигденски викенд заминаа во Грција, а некои од таму се вратија разочарани. Десетици семејства наместо да се вратат со убави спомени од продолжениот викенд, велат дека долго ќе го паметат празникот кој буквално им преседнал, бидејќи им биле уништени возилата, објави ФОКУС.

Кавадаречко семејство кое било сместено во хотел во Афитос, на првиот крак, во саботата вечерта завршило со демолиран автомобил за кој никој не слушнал и видел ништо. Искршени стакла, ретровизор, избушени гуми биле сликата која ја затекнале, а пријавиле и во полиција.

Имало и неколку џипови со целосно искршени стакла.

На граничниот премин Богородица кај Гевгелија најмногу возила имаше во петокот наутро, иако многумина се упатија во Грција уште во четвртокот попладне, по завршувањето на работното време.

Loading...