Пандев: Елмас е роден да биде лидер, победивме рутински и зачувавме сили за против Словенија

322

Капитенот Пандев ја прокоментира и играта на младиот Елмас, но и кажа како победиле, еве што вели тој: Благодарност до сите што дојдоа да честитаат. Најважно беше да се добие овој натпревар. Победивме рутински и зачувавме сили за против Словенија, затоа што на гости не очекува многу потежок натпревар.

Се надевам дека сите добри работи што ме пратат во март, како јубилеј во Серија А, јубилеј за Македонија и гол со Јувентус, ќе ги заокружам со победа во Словенија. Најважно ни беше да тргнеме со победа, овие три бода се добри за нас“, изјави Пандев за Гол.мк.

Знаеме Елмас со каков талент располага. Среќен сум за него и се надевам дека во иднина ќе игра уште многу натпревари. Се работи за роден лидер, тоа го покажува играта, гледам дека во иднина може да биде лидер.

Не е лесно да се влезе од клупа и да се даде два гола. Има карактер, харизма и се да игра во уште поголем клуб, а потоа и во националниот дрес“, додаде Пандев.

Loading...