Премиерот Заев се огласи за химната: Скративме официјалности

350

Во врска со вчерашната посета на грчкиот премиер, Зоран Заев истакна дека химната не била интонирана поради доцнењето на авионот на Ципрас.

Заев вели: „Доцнеше авионот на Ципрас. Прво скративме официјалности. Скративме и двајца министри од наша и нивна страна, со цел квалитативност на самиот настан. Имаше многу важни работи на средбата и меѓувладината седница“, изјави Заев.

Премиерот Зоран Заев вчера беше дел од Конвенцијата на Стево пендаровски, кандидатот за претседател на Македонија, а потоа беше гостин во „Печат на неделата” на 1Тв.

Премиерот Заев во емисијата „Печат на неделата“ истакна дека се постигнати успеси на меѓународен план, но дека е сега време за докажување на домашен план.

Loading...