Толку од сонцето, следува опаѓање на температурите, дожд, ветар, ова е прогнозата за денес

383

Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде ќе има услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе бидат во Скопје 18, Маврово 11, Охрид 14, Битола 17, Кавадарци 19, Крива Паланка 16, Берово 14, Дојран 19 Целзиусови степени. И за утре прогнозата е променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Утре дневните температури ќе бидат Скопје 19, Маврово 12, Охрид 16, Битола 17, Кавадарци 19, Крива Паланка 16, Берово 13, Дојран 19 степени. Променливото и облачно време ќе се задржи и во петок и сабота.

Loading...