Ќе се отвора нов граничен премин со Грција кај Мариово

437

Премиерите на Република Северна Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас и министри од двете влади денеска во Скопје потпишаа повеќе договори за интензивирање на билатералната соработка.

Премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Ципрас, кој е во прва официјална посета на земјава, информираше дека ќе се отвори нов граничен премин со соседна Грција кај Кавадарци со цел подобрување на економската соработка помеѓу двете земји, како и зближување помеѓу народите.

„Склучивме договор за нов граничен премин кај Промахој и Мајден во близина на Кавадарци. Овој нов граничен премин заедно со оној кај Преспа ќе биде значаен придонес за трговска соработка и зближување на народите”, рече Заев.

Граничниот премин кај Мајден е втора најава, откако уште пред неколку месеци премиерите на двете земји го најавија отворањето на граничниот премин кај Преспа, Маркова Нога.

Loading...