2 брзи диети за да ослабете 5 килограми за една недела

    0
    1030

    Брзите диети се многу популарни, бидејќи за кратко време ви помагаат да се ослободите од вишокот килограми.

    Loading...

    Ако премногу сте се опуштиле со храната и сега не можете да го облечете омилениот фустан, само обидете се со една од следните диети.

    Брза диета бр. 1

    Трае пет дена.

    Појадок: Кое било овошје, освен банани.

    Ручек: Виршла и варено јајце

    Алкохолот, засладените сокови и млекото се забранети, но неопходно е да внесувате два литра течности дневно, без разлика дали тоа ќе биде вода или уште подобро незасладени чаеви.

    Диетата не смее да се повторува едноподруго без пауза.

    Брза диета бр. 2

    Трае седум дена, а можете да изгубите 5-6 килограми.

    Прв ден:

    Се јаде само овошје, со исклучок на банани. Овошјето е дозволено во неограничени количини. Најдобар избор е она кое содржи големи количини вода.

    Втор ден:

    Се јаде исклучиво зеленчук, кој може да биде свеж, зготвен или конзервиран, но треба да се избегнува гравот, леќата и сличен зеленчук. Се препорачува зелен и лиснат зеленчук. Дозволени се зачини, но не и масло и масти.

    Трет ден:

    Се јаде овошје и зеленчук и супа која ќе ја подготвите така што ќе исечкате зеленчук и ќе го прелиете со вода, ќе го варите на висока температура 10 минути, а потоа намалете ја температурата и гответе додека не омекне. На крајот додадете зачини.

    Четврти ден:

    Дозволени се банани (до три дневно), немасно млеко и супа со зеленчук (подготвена како таа од претходниот ден).

    Петти ден:

    Се јаде супа, за еден оброк 200 g телешко месо и до 6 свежи домати во текот на денот. Телешкото месо треба да биде печено или варено, а во никој случај пржено.

    Шести ден:

    Покрај супата, овој ден дозволени се и 400 g говедско месо и кој било зеленчук.

    Седми ден:

    Храната е иста како и претходниот ден, само месото заменете го со интегрален ориз.

    Диетата може да се повторува неколку пати, но по секој циклус мора да направите пауза.

    Исто и кај оваа диета, алкохолот, засладените сокови и млекото со масти се забранети, но неопходно е да внесувате два литра течности дневно, било да е тоа вода или незасладени чаеви.

    Loading...
    loading...
    Loading...