Голема полициска акција на полицијата во Могила – се бара забранет тутун „Вирџинија“

187

СВР Битола и Државниот инпекторат за земјоделство во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во петокот и во саботата во Могила повторно октркија насади и обработка на тутун тип „Вирџинија“ кои не се пријавени и немаат договор со регистрираните откупувачи, а согласно Законот за тутун не смеат да се произведуваат.

Полицијата извршила претреси кај пет физички лица и кај едно правно лице во село Могила и пронашла и одзела вкупно 24 826 кг. тутун тип „Вирџинија“. Во истата акција откриени се и шест ниви со насади на тутун од типот „Вирџинија“.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, тутунот е пронајден при претреси кај физичките и правното лице врз основа на наредбa и од Основниот суд Битола. Државниот инспекторат за земјоделство издадал пет платни налози од 1.000 евра за пет физички лица и еден од 20.000 евра за едно правно лице, односно вкупно шест платни налози во износ од 25.000 евра.

Истовремено од страна на Државниот инспекторат за земјоделство се издадени три решенија за разорување ниви, а во постапка се издавање на уште три решенија за разорување ниви насадени со тутун од типот „Вирџинија“. Во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство СВР – Битола ќе продолжи со преземање мерки и активности за откривање на нови случаи со насади на тутун од типот „Вирџинија“ согласно Законот за тутун и чл. 276 од КЗ на Република Македонија, информира МВР.

Loading...
Loading...