Хакери ги украле сите нови епизоди од Game of Thrones

276

Додека фановите со нетрпение ја очекуваат секоја епизода од новата сезона на „Игра на тронови”, хакери објавија дека ги имаат „украдено“ наредните епизоди и се закануваат дека ќе ги пиратираат пред нивната премиера.

Имено, како што пренесува „ Еntertainment Weekly “, заштитата на ХБО е пробиена, и оттаму се преземени 1,5 терабајти податоци.

Од украдените фајлови, хакерите пуштија онлајн необјавени епизоди од сериите „Ballers” и „Room 104″, како и трејлери за следната четврта епизода од „Game of Thrones”.

Од ХБО го потврдија хакирањето, но не открија што се поседуваат хакерите, кои се закануваат и дека „наскоро следи уште повеќе”.

Кибер криминалците испратија дел од хакираната содржина и до одредени новинари

Loading...
Loading...