Какво ќе биде времето денеска па се до вторник, временска прогноза

    4780

    Денес е четврток, 12 јануари 2017 година, 12-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:54, а ќе зајде во 16:29 часот. Денот ќе трае 9 часа и 35 минути.

    Уште едно студено утро е пред нас. Во утринските часови имаме претежно ведро и студено време со утрински температури кои се под просекот за овој период. По котлините имаме појава на магла која понекаде ќе се задржи и претпладне.

    МАКЕДОНИЈА – Македонија денес е под влијание на поле на висок воздушен притисок кој ќе ни донесе претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време со пораст на дневните температури. Ќе дува доумерен јужен и југозападен ветер, додека пак во централните и источните предели ќе дува доумерен северозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Минималните температури од -21 до -10 степени, додека пак максималните температури ќе достигнат до -4 односно до 4 степени

    СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла која што ќе се задржи и во претпладневните часови. Попладне претежно сончево со локална облачност и потопло време. Ќе дува доумерен југозападен ветер. Утринската температура од -12 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до -2 степени.

    МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во петок умерено облачно време со повремени сончеви периоди и потопло време, попладне во северозападните, западните и југозападните предели со слаби врнежи од дожд и снег. Дневните температури ќе се движат од -1 до 6 степени. Во сабота облачно со врнежи од дожд и снег кои што доцна попладне ќе престануваат, а врнежи од снег ќе има само над 1000 метри надморска висина. Максималните температури од 3 до 9 степени. Во недела умерено облачно со повремени сончеви периоди и постудено време со опаѓање на температурите а дневните ќе се движат во интервал од 0 до 6 степени. Во понеделник облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, а врнежи од снег ќе има над 500 метри надморска висина, температурите ќе продолжат да опаѓаат и ќе се движат во интервал од -1 до 5 степени, според weather4all.

    Loading...
    Loading...