Мајка ослабе 45 килограми откако дозна дека сопругот ја изневерува и исмејува за тежината

    2831

    Понекогаш најсилната мотивација може да ја пронајдеме по најголемите удари во животот.

    Мајка ослабе 45 килограми и си го подобри менталното здравје откако дозна дека сопругот ја изневерил и дека со љубовницата ја исмејувале зад грб заради тежината.

    Бетси Алаја отсекогаш имала проблеми со телесната тежина. Но, по раѓањето на ќерката Изабела, таа достигнала до речиси 120 килограми.

    Шест месеци по породувањето, таа открила дека нејзиниот сопруг ја изневерува со негова колешка. Кога прочитала дел од пораките кои тој ѝ ги пишувал на неговата љубовница, таа разбрала дека тој ја исмејува за тежината, иако нејзе ѝ велел дека изгледа убаво и ја охрабрувал да јаде брза храна.

    „Бев уништена. Преку пораки кои ги прочитав кај него на Facebook дознав дека тие ме нарекуваат крава… Тој секогаш ми велеше дека изгледам убаво и дури и се обидуваше постојано да јадам брза храна. Токму поради тоа бев уште потажна, бидејќи изгледаше како тој да се труди да останам каква што бев“ – објавила таа.

    34-годишната мајка признала дека била со сопругот во врска од 17-годишна возраст. „Не знаев што да правам со себе во тоа време. Имав над 90 килограми и 6-месечно бебе и сè за што се трудев во животот имаше исчезнато“ – рекла таа.

    „Целиот мој свет се распадна. Неколку месеци се обидувавме да се опоравиме, но не успеавме. Во тој момент си помислив: Ова нема да ме дефинира мене. Не сакам да сум она што бев сите овие години. Тоа ме поттикна да направам трајна промена во животот.“

    „Плачев после секое вежбање и тогаш решив дека ќе се променам заради себе и заради ќерка ми. Сакав таа да е горда на својата мајка и да бидам пример за неа“ – раскажала таа.

    Бетси страдала од постпородилна депресија, но откако започнала да слабее и да вежба, нејзиното ментално здравје значително се подобрило.

    „Сега сум посреќна, посамоуверена и најмногу од сè – позитивна. Со бившиот сопруг сега сме во добри односи. Ми требаше подолго време за да стигнам до тоа место на прошка, но тоа што тој го направи беше заради него, а не заради мене. Моето патување ми помогна да го сфатам тоа“ – вели таа.

    „Нема подобро чувство од тоа да стоиш на врвот на планината по најтешкото искачување во животот“ – пишува Бетси на Instagram.

    Loading...
    Loading...
    loading...