Нов систем за греење и ново монтажно училиште

    434

    1

    Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, заедно во присуство на градоначалникот Марјан Ристески и претседателот на Совет Никола Димески, денеска ги посетија ОУ „Кире Гавриловски – Јане“ каде е поставен нов систем за греење и новоизграденото подрачно основно училиште „Круме Волнароски“ во село Галичани. Монтажното училиште е според сите стандарди за образование. Со изградбата на училишната зграда децата добија современи услови за настава. Имаат училница, санитарни јазли, простор за наставниците и можат да користат компјутери како и нивните врсници. Понатаму се планира и да се уреди дворот и да се изгради спортско игралиште.
    Освен во Галичани монтажни училишта има и во населените места: Чепигово и во н.м Беровци.234567

    Loading...
    Loading...