Нови детали за трагедијата во Германија: Од 16 часот семејството губи секаков контакт со возачот на камионот

    5939

    Возачот на камионот со полски регистерски таблички го загубил контактот со својата компанија и семејството околу 16 часот попладнево. Ова за германската полиција го изјавил сопственикот на фирмата за која возел возачот на камионот, кој вечерва предизвика смрт на девет луѓе, а 50 беа повредени.

    Сопственикот на компанијата, која е регистрирана во градот Гдањск, за полицијата изјавил дека имал апсолутна доверба во возачот, кој му бил роднина.

    Според германските медиумите, полицијата има две сценарија според од кои едното говори за можност двајцата возачи да работеле заедно но не се исклучува ниту можноста еден од двајцата возачи да бил заложник на напаѓачот кој првично избегал од местот на нападот но подоцна беше фатен од страна на специјалните полициски сили кои го блокираа делот на Берлин каде што се случи инцидентот.

    Нови дилеми за позадината на нападот дава и информацијата според која регистерските таблички на камионот биле лажни.

    Loading...
    Loading...
    Loading...