Овие 3 хороскопски знаци ги чека вистинската љубов за Нова Година

    1736

    Новата 2017 година само што не пристигнала, но тоа не значи дека актуелната 2016 нема уште некои изненадувања за вас.

    Ова правило посебно важи за овие 3 хороскопски знаци за кои астролозите тврдат дека ќе имаат возбудлив пред новогодишен период до 31 декември кога е во прашање љубовта.

    Лав

    На Лавиците оваа година им беше бурна и полна со настани. Меѓутоа како најдоброто да се чувало за крај и решило да ги израдува токму пред почетокот на 2017 година. Во последните две недели на сега веќе старата година ќе дојде до разрешување на проблемите од љубовна природа и конечно некои работи ќе им станат појасни. Припадничките на овој огнен знак ќе имаат среќа да го добијат она што го посакуваат цела година. Можно е враќање на личност од вашето минато која ќе внесе немир, но како и за се друго Лавиците ќе знаат точно по кој пат сакаат да одат и што е најважно ни круната, ниту насмевката нема да спадне од нив.

    Девица

    Нежните и романтични Девици скоро никогаш не се задоволни со својот статус, но изгледа дека и нив ќе ги погледне среќата. Во наредните две недели ќе сфатат кого сакаат во својот живот, но тоа не е крај на изненадувањата. Сингл Девиците ќе имаат можност да на некој собир запознаат личност која целосно ќе ги воодушеви и тоа ќе биде почеток на едно ново познанство, а можеби и љубовна приказна. Се на се припадничките на овој знак новогодишните и божиќните празници нема да ги дочекаат сами, а тоа е воедно ќе биде и знак дека за нив се отвора сосема ново поле од наредната година.

    Риби

    Декември на Рибите ќе им донесе големи промени, посебно ако подолго време се во врска. Меѓутоа  новост е што конечно ќе сакаат да го унапредат или официјализираат својот статус, така што прстен е она на што можат да се надеваат во новогодишната ноќ. Рибите кои се сами нека ја отворат вратата на големата љубов во Новата 2017 година,извор курир.мк

    Loading...
    Loading...
    Loading...