Шок во Турција: Пронајдена е ќелијата на Свети Павле

    4130

    Листра / Килистра,Турција – Историската ќелија во која при обиколката на Мала Азија живеел апостол Павле,во облста во која ја формирал првата голема група од свои следбеници,таа област се наоѓа во Турција,наведуваат турските весници “Јени Сафак”.

    Како што се наведува во турската листа,во регионот Коњ,археолозите пронашле пат за расветлување на мистеријата,нова “Кападокија” со многу врежани слики.

    Како што се претпоставува,оваа област претставувала засолниште за време на свети апостол Павле на многу верни христијани,во времето на периодот на ширење на христијанството во Мала Азија.

    Како што наведува турскиот професор по историја Али Боран,јужно од градот Коњ,христијаните изградиле манастир,во кој апостол држел предавања за Исус Христос и христијанството.Се смета дека тука го напишал своето прочуено дело од Новиот завет “Апостолски дела”.Овде многу христијани од грчкото говорно подрачје,ја прифатиле религијата,која за неколку години ја освојува цела Мала Азија.

    Историска вредност на Кападокија според Али Боран претставува и површината која е јужно од Коњија,и таму покрај манастирот,се наоѓала и ќелијата на Свети апостол Павле,во која ги подучувал своите ученици.Од таа причина турскиот професор продолжува со археолошките истражувања.

    Турците биле ангажирани повторно да го истакнат изгубениот христијански карактер во Мала Азија,но биле критикувани од исламските кругови,што е и очекувано,но тие со ова очекуваат да привлечат многу туристи.

    Карактеристична е изјавата на Али Боран,дека келијата на апостол Павле може да стане место на христијанското движење.

    Турците сметаат дека ова е единствен историски пронајдок во врска со апостол Павле,кој како што е познато прв успеал да го издигне христијанството во ниво на светска религија,а прва област каде што христијанството добило универзален карактер е Мала Азија.

    Можеби според тврдењето на Турците,местото Коњ во Мала Азија да биде историско наоѓалиште на универзалното христијанство и родно место на Православието.

    Loading...
    Loading...