Таа влегува во собата и сите замолчуваат – за кој хороскопски знак станува збор?

11155

Таа има само една желба: Да владее со светот! Она што најмногу ја плаши е да биде игнорирана од страна на околината, па затоа ги користи сите свои квалитети да биде забележана. Кога влегува во просторијата, сите замолчуваат како хипнотизирани. Можеби тоа го постигнува со бујната коса, смелиот став или пак изостреното чувство за хумор.

Таа е единствена и неповторлива, таа е жената Лав! Лавиците се многу чесни и лојални. Умеат добро да се организираат, но точно знаат со кого сакаат да комуницираат, а кого со задоволство би го ставиле на црната листа на луѓе со кои не преферираат да зборуваат или да соработуваат.

Тие се по малку драматични, но на некој својствен и забавен начин. Вообичаено мислат дека се центарот на светот, но тоа не е нималку чудно, бидејќи се управувани од Сонцето кое е центар на сончевиот систем. Кога е топло и сончево тие се најсилни, кога сонцето блеска, блескаат и Лавовите.

Лавот е роден лидер со високи амбиции и има магнетска харизма. За нив важи правилото дека се суетни, надмени и егоцентрични, но вистината е дека имаат широко срце и се прилично добродушни и дарежливи. Воедно, сакаат да подаруваат и да примаат подароци. Умеат да бидат прилично арогантни кога им се сака и прилично агресивни кога сакаат да исполнат некоја своја цел. Сепак, само една е кралицата на џунглата, зарем не?

 

Loading...
Loading...