Трагедија во Демир Капија: Воз прегази маж

4986

Воз кој сообраќал на релација од Скопје кон Гевгелија утрово околу 9 часот прегазил машко лице во близина на Демир Капија.

Според првичните информации, несреќата се случила кај местото викано „Пржински мост“, каде возот удрил во засега непознато машко лице кое се наоѓало на пругата.

Од силината на ударот, лицето починало на лице место. Во моментот се врши увид на лице место, а на лице место ќе излезе и обвинител.

Loading...
Loading...