Украдени 100.000 денари од казино во Битола

    0
    2184

    Околу 100.000 денари се украдени денеска од казиното „Слот“ во Битола, лоцирано на улицата „Климент Охридски“.

    Според МВР, кражбата се случила рано утрото, околу 5:15 часот, откако две непознати маскирани и вооружени лица со пушка, извршиле разбојништво над вработената и насилно ги одзеле парите по што го напуштиле местото на настанот.

    Loading...

    Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.

    Loading...
    loading...
    Loading...