Верижен судир на автопатот Тетово-Гостивар: Детенце однесено на Ургентен

1277

Во текот на вчерашниот ден во 16 часот на автопатот Тетово-Гостивар, во селото Жеровјане, се случила сообраќајна незгода помеѓу непознато возило, со непознати регистарски ознаки, управувано од непознат возач, и возило „Цитроен“ со гостиварски ознаки, управувано од страна на 50-годишниот Ш.Ш. од Гостивар, возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Г.Г. од Гостивар, како и возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот В.Р. од Тетово и возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Д.Н.  од селото Фалише, тетовско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила седумгодишно детенце кое било во автомобилот марка „БМВ“. Детето како итен случај било пренесено во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Loading...
Loading...