Во иднина телефоните ќе ги полниме само четири пати годишно

408

Истражувачите од Универзитетот во Мичиген и Универзитетот Корнел изработиле материјал кој би можел да ги направи паметните телефони и другата мобилни електронски уреди  енергетски  поефикасни, со што нема да биде потребно често да ги полниме.

Тие  направиле нов магнетоелектричен мултифероик  материјал  (magnetoelectric multiferroic). Овој матријал е изработен од тенки слоеви од атоми наредени како магнетен поларен филм, кој функционира на принцип на електрични удари, наместо на постојан проток на струја.

На овој принцип може да се врши трансмисија на бинарниот код, што значи дека за испраќање и примање на податоци ќе биде потребно многу мало количество на енергија.

Сегашните процесори на база на полупроводните системи користат постојан проток на електрична енергија, која обично се обезбедува од литиум-јонските батерии.

Овој нов материјал ќе им овозможи на процесорите да функционираат со 100 пати помалку енергија. Тоа значи дека со овој материјал ќе може да се направат  уреди што ќе се  полнат еднаш на секои три месеци.

Оваа технологија би можела да се искористи и за изработка и на енергетски ефикасни индустриски и медицински апарати.

Истражувањето е објавено во списанието „Nature“.

Loading...
Loading...