За малку избегнат инцидент на митинг меѓу активисти на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

111

Тензиите и пресметките не се за прв пат појавени во Кавадарци, вакви пресметки имало и во минатото, како и на Изборните циклуси во 90-тите како и 2002 година. Што точно се случувало вчера вечер во Кавадарци и за среќа поминало без инцидент.

Поголема група активисти на СДСМ вчера на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, што се одржа на плоштадот во Кавадарци, се обиделе да предизвикаат инцидент. пишува Република.

Преку 100 активисти на владејачката партија организирано и наменски собрани пред нивниот штаб на самиот плоштад во Кавадарци се обидуваа со свирежи, довикувања и скандирања да испровоцираат инцидент со неколкуилјадната толпа поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Намерата беше очигледна, особено имајќи предвид дека митингот навреме и уредно беше пријавен. Двете толпи беа на растојание од десетина метри и малку недостасуваше да започне тепачка. Лидерот на партијата, Никола Груевски, остана воздржан и ги игнорираше провокаторите.

На тој начин успеа да ја исконтролира ситуацијата за да не дојде до инцидентот што го планираа провокаторите на Заев.

Овој неуспешен обид за инцидент е уште еден доказ дека СДСМ и Заев стануваат сѐ понервозни и се обидуваат на секаков начин да испровоцираат проблеми. Праксата да испраќа провокатори на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ СДСМ ја започна на чело со Заев, на парламентарните избори во декември.

Дотогаш, на сите поранешни изборни процеси никогаш ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ не правеле организирано попречивање на митинзите на противникот. Намерата на Заев е јасна – со насилници, провокатори и заплашувања да оствар успех и да дојде на власт, пишува Република.

Loading...
Loading...